Со оморината како да трепети и загубената врева на денот, но сето тоа е така безгласно, така тихо сега.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Зад неа во земјанката влезе студенилото и вревата на снежната бура.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Беа тоа само неколку зборови на охрабрување, од оној вид зборови што се изговараат во вревата на битката, поединечно нејасни, но кои ја враќаат довербата со самиот факт што се изговорени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Нејзината волшебна молба за куќата го погоди Даниел во срцето, иако таа желба не одговараше на местото и на огромниот индустриски град, меѓу вревата на блискиот автопат и бучавата на авионите што пристигнуваа и заминуваа од аеродромот, што се наоѓаше само на неколку милји на запад, и бучавата на пиланите и фабриките кои како сртови се издигаа на нискиот планински венец, помеѓу градот и рамните предградија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тие беа толку навикнати на бучавата на камионите со приколки и на двокатните автотранспортери, што дење и ноќе одекнуваше на автопатиштата, но и на брмчењето на авионите над нивните глави, како и на далечната врева на фабриките, валавиците и леарниците, така што мораа да подзастанат и да ги начулат ушите за да ги слушнат, онака како кога сакаме да го слушнеме отчукувањето на ѕидниот часовник во некоја соба.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Така, минувајќи сред вревата на градското предвечерје, како одново да се откривав пред љубопитниот поглед.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Владееше тешка пладневна тишина, само откај реката ветерот ја донесуваше вревата на младинците, како да сакаше да го потсети да побрза.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
САВЕТКА: (кинисува и подзастанува). Како врева на улица не ти се слуша ли?...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Од дворот на гимназијата, најпрвин тивко а потоа сѐ посилно, долета врева на нејасни гласови.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
На брегот плажа, на плажата врева, а над вревата врева на вревите, вревата на нивните жени: Каде сте? Ве премисливме!
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во нозете му се плеткаа езерските треви или водните змии, по табаните го скокоткаа изворските струи и тој сè повеќе се оддалечуваше од брегот додека во ушите не му глувна вревата на плажата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Париз е најдобриот пример за тоа, но Ками запира на Виена, како град крстопат на историјата, кога одекнуваат ударите на историјата, има ноќи кога небото се покрива со крв, камените коњи чиниш ќе полетаат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во тие мигови кога се жести моќта и величината на владеењето, се слуша вревата на полските ескадрони, урнебесниот пад на Отоманската империја. Така пишуваше Албер Ками...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се поврати од сите страни вревата на животот. –Чанга се врати! Да живее Чанга! Да живеат козите!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)