Веројатно во него на прво место била веста за да се израдува татко - дека веќе ги посетувам часовите во машката гимназија Цветан Димов , а потоа за тоа дека парите што ги носев со себе веќе ми се при крај, дека повеќе сум гладен отколку сит ( леблебија за 20 динари), дека кај Нанчо спијам на гола земја откако ја сметувам косата што ја стрижи преку ден, ама дека и тоа во последно време сака да ми го откаже оти не му е пријатно да бидам сведок на она што го прави со некои прибрани жени од железничката станица во заградениот дел со обична хартија за завиткување!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но, во исто време сакаше да ја охрабри дека деветмесечната голгота не била залудна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Хајдегер не ја разбираше баш оваа луда трка на зелките, не знаеше колку време сака зелената зелка да стане кисела зелка, расол и како што не беше сигурен дали новиот качкет му е тамам така и шепотејќи сам си се прашуваше дали навистина секое мисловно мислење е поезија и секоја поезија е мислење?
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Според капетан Ламби, Павле Илиќ во тоа време сакал сите залихи кои биле упатувани од Британците за Македонија да се пренасочат кон прилепската област каде било концентрирано мнозинството од партизаните.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
И таа како дедот Петка: намириса дека Митра е запалена за оваа работа и почна да тврди пазар: — „Та. .. којзнае, невесто Митро, дали ќе ми најдеш тоа шо треба; та . . . ногу време сака да помине; ја... требало порано да дојдеш; којзнае дали ќе можиш да платиш“, — и триста други маани си наоѓаше. И за неа „ништо не сака“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И ќе се најдеше во некоја понесеност, но некоја тргнатост кон некое место на кое долго, долго време сака да стигне.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)