Слушајте. Вие велите дека во статијата „Шпијунлуци и инквизиције бугарске“ сте ни набројувале факти а ние сме ве пцуеле и во исто тоа време сме ја напаѓале Србија, Русија и сè друго што љубел народот, (Кој народ? Нашиот ли?!).
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За ова знае Маркос колку време сме разговарале пред да бидете вие - направи мала пауза - пред да бидете вие запознати.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сега ми е многу жал што времето сме го трошеле лутејќи се една на друга.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Затоа што толку голем дел од времето сме морале да криеме што навистина чувствуваме (гејство), сме морале да ја совладуваме фасадата на секое општествено окружување во кое сме биле – не сме можеле да си дозволиме никако да стрчиме, зашто тоа можело да ја оддаде скришноста на нашето гејство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Знаеш ли во кое годишно време сме влегле, кутро момче, знаеш ли дека е вистинско лето, август, најубавиот месец во годината? - рече и уште повеќе тргна да се смее, како некоја планинска чешма силно, незапирливо.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
сме се разминувале со други, вели, сме се разминувале и со себе си сме го кркале низ вековите а ни лук јале ни лук мирисале сме плаќале туѓи арчови и ајле време сме оделе со наведнати глави од срам што не изеде.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Веќе доста долго време сме заедно, јас прегладнев.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Од нас ќе остане
нашиот изопштен
и притаен одливок
мал како хаику, како врв
мал од што е далеку
- како сонце
тој жив талог
во којшто со време
сме се претопувале
грч по грч, капка по капка
крводарителски.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„На време сме во Стокли. Уште јаглен, Фред?“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)