време (имн.) - сум (гл.)

И повторно почнувам да размислувам за мојот љубовен живот. И така некое време.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Откако конечно сфаќам дека наместо далечинскиот за телевизорот цело време сум го користел далечинскиот за видеото, почнувам брзо да ги менувам каналите со ентузијазмот на Бивис и Батхед.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пред време сум се разбудил.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Инаку за цело време сум свесен дека на пример со жена му на Симета сум спиел.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И овој бескраен пат. Веќе не знам колку време сум пешачел по патот назад, а бескраен е патот кој ми претстои.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Колку време сум бил врзан, колку време умирачката ми се радувала, не знам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Изгледа долго време сум молчел, здрвен на столицата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не знам колку време сум спиела.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Би се согласил со твојот предлог. (Не знам дали во последно време сум станал волку попустлив во сѐ.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И уште потврдувам дека јас сѐ уште сум бил во бараката на бај Шишко и дека слободното време сум го користел за совладување на материјалот од петтиот клас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Зад мене беше Камбо од нашето село (синот на Циганката што ја сакав) и не знаев колку време сум спиела така стоејќи, кога Камбо ми рече дека колоната стои.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сатурн сакаше да ја употреби својата вештина за забавување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
– Веќе не знам колку време сум овде, колку месеци или години, но секој ден е полош од претходниот – рече и воздивна од длабочината на душата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не знам колку време сум одел со спиење, ама ме најдоа паднат. Ме разбудија некои наши војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И којзнае колку време сум се тепала, така, кога сетив дека некој ме крева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Колико си у војсци, није то коломас, Маричиќ, не подмазујеш волујска кола, сето време сум на фронт, господине капетане, не шкљоцај у празно, Гвозденовиќу, одакле си, од Македонија, тукашен сум, нож и ножнице на крају, Пешиќу, чија je Македонија; сега - засега ничија, све иде кроз нишан и мушице, после како ќе речат големите и господ, големи смо ми Мегленовиќу, оќу сунце у цев, дали би побего, кај ќе бегам господин капетане, сега сите војски на светот се во Македонија, јужна Србија, Мегленовиќ, не ми паѓа на ум да бегам, велам...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Гревовите мои со време сум ги исчистил, снао... - ѝ велеше Илко.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)