Мајка како мајка: додека чека на компјутерскиот екран синот да ѝ дарува дневна доза најубави насмевки во кожурка од свилена буба реди сѐ што се крие во неа и саде се чуди колку бил замрсен животот и колку време треба да се раздипли сето што се збрало во кожурката од свилена буба.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Згора на се, швајцарскиот водоотпорен часовник дури сега, по толку години стаж разговетно ми дошепна зошто времето лета како што облакот лета пред ветерот и колку време треба да поарчи еден човек за најпосле да разбере колку е часот.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Долго време размислуваше, читајќи го по вторпат овој роман, за проектот што за малку време требаше да го започне со Климент Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
По малку време требаше да се покрие резервоарот, што не претставуваше тешкотија ни по однос на времето, ни по однос на градбата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во исто време требало да се организира акција за собирање на помош за црквата „Св.Стефан“ во Цариград.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
До пред малку мислеше дека ќе ја сочува во себе онаа зафатеност и ќе може да ги посреди малку лостовите, со кои кога ќе му дојде време требаше да ги носи и да ги наместува трупците, намалувајќи ја нивната тежина; мислеше дека ќе најде во себе желба да ги подреди и нив така, за еднаш кога ќе биде потребно, да може само со еден дофат, со едно движење, да ги покрене и да ги намести.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Колку долго време требаше да помине, додека Хелвиг се реши да ѝ напише писмо...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Треба време, велат сите! Време требало да мине за да ги зарасне раните.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
А и на време треба да зафатиш од тоа богатство што се движи, бидејќи и водата и зборовите брзо истекуваат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А кога ќе ги оставиш да си заминат и тие стануваат роднини на исчезнувањето. Иако не засекогаш.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Геометријата на мојот егзил беше многу поедноставна, поразбирлива и поприфатлива.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сѐ се случуваше на двата брега на Езерото поделени со граница, која со текот на времето требаше да ја изгуби смислата во обединета Европа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А и времето треба и може да се штеди.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Труди се да го заслужиш и ќе бидеш награден; но, немој да бидеш низок и да се шегуваш okno.mk 121 со она, што навистина е достојно за исмевање - тоа е знак на слабата фантазија, ако младиот човек им се смее само на смешните луѓе или работи; остроумникот на нашето време треба да го одбегнува тоа и да си го остри јазикот на сметка на почитуваните луѓе.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
7. Чувај се да не бидеш скромен инаку ќе наведеш на мисла дека нема што да речеш, а тоа е голем недостаток.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Младиот човек на нашето време треба да биде истото што и морската труба: преземајќи ги зборовите од еден крај, веднаш да ги пренесува на другиот; колку што посмешно умее да прераскажува, толку повеќе памет му припишуваат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Кој толку зборува, тој не може да биде будала: ете ја определбата на помодното општество.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)