Некое време чекаат да се отвори портата и да ги прими внатре на Имотот, а потоа однатре, од зад портата, се слуша гласот на Васила Митрески, тој е втор доверлив Максимов човек на Имотот и дека е алипен на едната нога чувар е на сиот куќен имот Акиноски, па затоа единствен тој во овие погани времиња ги има во себе клучевите од сите имотски порти и визбите: Вие сте, господару, прашува Васил. Ние сме, вели Максим.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Оти кога го закопувавме дожд немаше, а времето чека стушено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе почекам јас уште малку. Никаде не се брзам. Толку време чекав, па ќе оставам простор.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)