Веќе подолго време ѝ недостасуваше друштвото на Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Устата ми беше полна со залак што не се голта, а е сладок, и затоа сакав да го задржам што подолго за да му ги ишмукам сите сокови кои беа крепителни за мојата душа и за моето тело, кои ме придвижуваа одвнатре и од мене ги исфрлаа сите непотребности, сите горчини, отрови, пизми, сите стравови и неизвесности; јас тогаш не бев Нинослав од денот што го оставив зад себе, јас бев нестварен но, во исто време, свој и најсвој, исполнет со крв и пламен што беа мои и што ми ги движеа дланките по жената меко распослана над мене, по нејзините коси, по рамената, по грбот, по задникот и надолу по бутовите, и пак назад за да може да продолжи играта што Ема ја очекуваше: од основата на задникот благо но долго, низ одмерени интервали, да ѝ ги ширам, да ѝ ги поткревам и пак благо да ѝ ги спуштам двете крушкасто заоблени и топли половини во чиј засек во исто време ѝ се придвижуваа, се подотвораа и повторно, се собираа скриените, најинтимните устинки на нејзиното тело.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Таа вечер таа отиде со типот кој веќе извесно време ѝ се допаѓаше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А авторот нејзе во последно време ѝ се јавува по полноќ и секогаш ја наоѓа кога ора по Интернет заглавувајќи во еротски „дејанија“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Па што ако има 17 години. Едноставно, време ѝ е.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не ми е толку необично кога ми кажуваат дека баба ѝ на веселата сликарка Рози, која ми ја подари графиката со раздвижените змејови, некогаш се дружела со Блумбериевци и дека Д.Џ. Лоренс во тоа време ѝ се „нафрлувал“, или пак дека Фиона како девојче настапувала низ концертните сали во Европа, за потоа да биде прва виолина во оркестарот на Вангелис; или дека Џорџ Мартин, продуцентот на „Битлси“, кој живее во една од соседните куќи во Колсил, тркна во Лондон за време на прославата на јубилејот на кралицата („џубили“ го префрливме во „живели“) за да диригира на концертот на најголемите британски естрадни ѕвезди; дури и кога Дени ми ги покажува старите мапи на споменатото селце Колсил (со толкава очигледност на минатото) во трпезаријата на Clock House, тоа го примам само како дел од необврзаниот муабет по добрата вечера.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
На долниот кат имало директен пристап кон собите, преку долги централни ходници што водат од едниот до другиот крај на куќата (иако дотогаш ходниците беа користени во Англија, нивното уредување во Колсилската куќа е нешто ново).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Можеме да играме карти, ама нѝ треба четврти – рече таа. – Кого да викнеме, имате идеја?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не успеа да ме измоли да ѝ придружам во „денсањето”, па и нејзе едно време ѝ здосади.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Младичот извесно време ѝ пишувал од странство, ѝ ветувал убав живот таму, но пишувал сѐ поретко и поретко додека сосема не престанал да се огласува и од дотогашната и од некои нови адреси.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Чудно е тоа што понекогаш, ете, во еден таков миг и времето ѝ се друго мораше да биде против вашето срце, точно како во приказните.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Човекот за кој ви раскажувам одамна е умрен, но во бавчата што тој на времето ѝ ја одзеде на реката и ден денес се раѓаат круши и јаболка, се раѓа пченка, грав, а луѓето поминуваат, гледаат и се сеќаваат на тој вреден човек.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Јас за возврат за убавото јадење, во слободното време ѝ везев додека таа си играше пет камења, царица или клисар.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Едно време ѝ порача на жената да им свари кафе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Бубачката долго време ѝ доаѓаше и ја мачеше во сонот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)