До сега со народот владееше принципот на нужда, но сега е време народот да ја открие својата господственост преку власта на принципот на слободата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Со ум и чесност, со праведност и знаење сме се одржале и сме ја добиле довербата и на султанската власт, но и во овие времиња народот нѐ прифаќа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нашето заврши на Балканот, сојузниците однесоа победа на бојното поле, но не исчезнаа и нашето духовно присуство, поврзаноста со луѓето, тоа ќе остане секогаш живо.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Јазикот е нашата снага“ 16
Врати му ги редот и убоста
збери ја разнообразноста
не отфрлај, памти
затоа што:
се возобнови ли јазикот
ќе опстане – со време
народот
ќе се осмисли светот
а можеби и државата!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)