Во доцните години на животот, амбасадорот Петер Себастијан, минувајќи ги пензионерските години во Санта Фе, на еден туниски историчар-истражувач, ќе му нагласи дека ја употребил сета дипломатска моќ за да го предомисли Бургиба да ги прекине дипломатските односи со САД, по бомбардирањето на палестинските позиции во Тунис...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Амбасадорот Петер Себастијан набргу ќе биде заменет од амбасадорот Роберт Пелетро, и тој длабоко проникнат во сите енигми и тајни на палестинското прашање уште во далечната 1970 година кога во Аман ги имаше првите разговори со преставниците на Палестинската ослободителна организација за време познатиот црн септември.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)