А сепак, она најсилното, она највпечатливото, она што докрај го растрепери детското срце, остана да трае, да ги премостува сите порои на времето што нанесуваат заборав.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
И без престан благиот шум на борјето над нив да шумоли ко пеење и паметење и вечен запис врз стеблата и каменот под кој лежат ветените за кои сал дабот, чамот, кленот, карпата, ридот, парчето ’рѓосано железо и штикот скршен ќе раскажува во времињата што допрва ќе дојдат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Пусто време што носи, вели Мисајле Ковачот, напред овдека се каравме за синорот, вели, сега се бараме за друго.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мојот збор е тврда вилица на времето што ’рти по нивјето со заби на семето.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Сенката ми ја затворија ја врзаа оковаа за вечни времиња што не знаат ни сонот како расте ни денот како вјаса.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)