време (имн.) - откако (сврз.)

Долго време откако шумарот си замина и откако неговиот џип одбрче удолу низ Рамни Ливади, старецот остана да седи замислен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Малку време откако стивна брчењето на џипот, пред колибата на дедо Димо излезе шумарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тие останаа таму некое време откако автомобилот изчезна зад ѕидот од тули и потоа, во зашеметувачка тишина, нивните стапала шушкаа по тревникот покриен со слана, и потоа се вратија дома.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Измина баеги време откако Боге од Бањи се појави на вратава а јас попусто се мачам да го заборавам она што ми заседна во мислите кога го видов момчето што ми го доведе да го чувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина не догледувам како некогаш, ама не сум слепа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Двапати ми дојдоа зборовите до усните и двапати ги проголтав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За ова време откако беше дојден во нејзиното одделение, учителката можеше да рече за него само олку: „Кон учењето и задачите што му се поставуваат, се однесува сериозно.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Во Занаду ставив и штос за Циганка!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
АРИЕЛ ШРАГ: Немаше таму некоја мајка и некоја ќерка?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
ДАГЛАС КАРТЕР БИН: Има некое време откако го гледав.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
КРИСТИЈАН СИРИЈАНО: Звучи феноменално!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Моите машки геј-студенти, кои на првиот час ми имаа навистина кажано пријатни и предвидливи работи, како на пример: „Се запишав на предметов зашто цело време откако сум на факултет сакав да имам ваков предмет“, набргу почнаа да се однесуваат како расколебани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нешто како да ми текнува сега...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Одеднаш се почувствував збунета, неприготвена да ѝ кажам што било, да ѝ кажам што се случуваше во ова време откако не се имавме видено.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Првото нешто што бие в очи тоа е што г.Станчев си останува на истото место во сето време откако знам за него /има околу 9 години/.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
МЛАДИЧОТ: (Сето време откако е влезен, седи во фотелјата и дише тешко, забрзано, со затворени очи, како да не му достасува здив.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Мислеше прво на Претседателот и на сето време откако го познаваше. Беа врсници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Слободното време откако дипломира го имаше на претек.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Малку време откако го најде својот коњ-хранител неподвижен, со свенати синолички во очите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Малку време откако го најде својот коњ-хранител неподвижен, со свенати синолички во очите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Само за ова време откако тој ја запознал во Пансионот, ѝ умреле двајца мажи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не мина многу време откако се отвори границата, втаса и најстарата Таткова сестра, само таа останата жива, да самува крај Езерото, со своето семејство, истерани од нивната куќа во градот крај Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така, долго време откако мојот татко загина, мајка ми дење спиеше и не сакаше да излегува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но, за среќа, тоа не се случило и романот „Ана Каренина“ на Лев Николаевич Толстој можел слободно да возбудува и облагородува генерации и генерации читатели.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
ТАА не е неделно списание и не излегува, како што вели тој, „во последно време откако се намножија независните весници“, туку е месечник и излегува повеќе од седум години.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И не помина многу време откако се поставија границите со стакла, Австријците беа совладани од француските војски.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така и сега, којзнае колку време откако бате Јоле излезе надвор, Ѕвезда беше се загледала низ прозорецот и одеднаш, како да ја фркна нешто туку извика некако сама за себе: - Талеле, што е она?! - рече.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ајде сети се. Дали во ова време откако не сме се сретнале ти некогаш си помислила на мене?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ох, да, како да не, многу пати! – викнав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)