Како да не допрел вресокот на Милка до неа, како да се буди од длабок сон, ги оптегнува нозете, рацете го џбарат веленцето, се чепчат за него, го поттргнуват нагоре и тие се откриваат со сиот блесок до над колената.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Родена во Пиреја, очите навикнати на сините води на средоземието, грчките маслинови гори и паничниот вресок на жегалците летно време, овде, на север, во Македонија, Летка се чувствуваше како со падобран спуштена во непознати предели.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Трепери пламенчето на свеќата и стоејќи вгледан во рамницата, ми се чини дека допираат до мене бучавата на авионите, тресокот на бомбите и гранатите, свирежот на куршумите, мирисот на напалмот, врисокот на стотиците очајници кои биени од небо и земја, газени и толчени под тенковските гасеници со последната издишка трчаа по оваа последно мало крајче од езерската земја со надеж да се фатат за последната сламка за спас на животот...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Оксиморонот држен со цврста поетска рака, се откинува преведувајќи ја песната од брегот на вресокот на брегот на молкот, од вокалот до белинката меѓу зборовите.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Заодот на сонцето остави вжештен црвен вресок на небото и оѕверен одблесок врз површината на езерската шир.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Брзо, брзо, брзо, терај, терај, трчај, трчај брзо, не застанувај - се слушаа гласови кои беа надвикувани од луѓето од кои едни во трчаницата паѓаа, други ги прескокнуваа, ги газеа, се довикуваа и се бараа, се слушаше плач и врисок на мали деца и крикови на жени, рикање на говедата и блеење на овците.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се наоѓа како во какофоничен хор, се збираа ноќни вресоци на подивени птици и животни.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)