ЛИПА I Кога се решив да ја исечам неа кога се решавав челото со градушки ми се оросуваше а срцето ми биеше в грло кога се решавав зашто одлуката не беше лесна да се исече врсникот мој со кого растев од ластар што го следев до вита стеблика со која си игравме на врвот јас нејзе поткрепа ѝ бев таа пак мене лулка таа мене устрем во височини јас нејзе заштита од бубачки и мравки од црвојаднина.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Сега пак има жена, и таа се вика Лена, ама оваа Лена е од Секулево, од селото на Трендафил , а покрај двете деца на Гони, односно на Фодулот - живиот партизан Ристо, врсникот мој Трајко, таа има и свои две деца што ѝ ги оставил мажот кој сега е во Австралија.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)