Ги качија, значи, на железничката станица во задушливото купе од трета класа, да не свртуваат премногу внимание врз себе, и ги испратија кај вујко им со двајца непознати трговци, негови пријатели и со по десет златници што Моше дома им ги заши во поставите на нивните нови палтенца, грижно кроејќи го да не се познава и зацврстувајќи го со посилен штеп поработ што прецизно го испланира.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Вујко им, кој имаше фотографски дуќан во Солун, и тој пргав и агилен каков што беше, отсекогаш гледаше подалеку од сите нив и од неговото сопствено, и од останатото семејство на жена му. Вечерта откако децата отпатуваа, Моше и Нина не можеа да заспијат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сега и недостигот на браќата што речиси пред година дена, по наговор од вујко им во Солун, ги пратија со цел, со агилниот „Техијат Јисраел“4, една од тамошните ционистички организации, да се качат на брод за Палестина и да се преселат на старата израелска земја.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)