Та затоа вујко ѝ вели, да не ми си побркаш к'сметот шо ми та дошол дома.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во сонот, вујко ѝ вели: Сестро мила, ние секогаш верувавме дека среќата ни е сал во заминувањето.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Мојот пријател, вујко ѝ Грозде, ме замоли да направам нешто, да помогнам, да ја изведам на пат за да може да си го печали лебот. Ништо друго.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
САВЕТКА: Со здравје, сваќе! Ќе ја нагласи вујко ѝ работата, ти ич не бери гајле.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
САВЕТКА: (убедливо). Море, кога ќе ѝ свирне вујко ѝ и оро ќе игра!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Прикаската дека вујко ѝ, еден антиквар крај Сена, ѝ помага, звучеше празно, безживотно.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Букетот разбуди рој спомени од детството во Солун, кога рано како сираче, вујко ѝ хирург во една солунска клиника, женет со Италијанка, вистинска Signora, често ѝ носеше букети цвеќе на жена си, по разни поводи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Со вујко ѝ на Мајка се запознале во Рим.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А Мајка виде каков беше животот и кај нејзините во Јанина, а особено во Солун, кај вујко ѝ и кај вујна ѝ, Италијанката Клементина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)