Значи таа го познаваше неговото семејството и сето тоа и беше некоја гаранција дека сепак ќерка и е во безбедни раце.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Потоа, без, збор, фаќајќи го за ракав, го задржа својот другар колку да останат пооддалечени зад заробениците што беше уште една гаранција дека кљакарчето на Шишмана помалку ќе се слуша.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Секако, нема гаранција дека тој процес е секогаш непогрешлив, и дека интеракциите со објектот ќе бидат онакви какви биле очекувани.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Се надевав, дека престојот во С. не ќе биде долг, дека брзо ќе се види дали ќе успее мојата мисија, дали моето име на главен коментатор и уредник во „Време“, со години на ред и главен аниматор и учесник во некои важни кадровски консултации, ќе биде гаранција дека брзо ќе ги завршам работите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Набрзина од својата глава ја избрка мислата дека тоа не значи дека Дарко не е посинет на некој друг дел од телото и дека тоа воопшто не му е никаква гаранција дека не го малтретираат во логорот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ќе го фрлам пиштолот, тоа ќе им биде гаранција дека животите не им се загрозени.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Демократските традиции на францускиот народ и силно изразеното прогресивно мнение се сметале за извесна гаранција дека атентатите ќе наидат на поголемо разбирање во Франција отколку во било која друга голема сила.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во таа ситуација, за британскиот Форин офис биле од голема важност информациите на британските воени мисии што престојувале во Македонија, имајќи го предвид развојот на политичките собитија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во однос на македонското национално прашање, уште на самиот почеток тие гледале да не дозволат негово решавање, нагласувајќи ја готовноста да прифатат само формирање македонска држава во идната федеративна Југославија, но барале гаранции дека "таа држава нема да анектира или да полага право на какви било територии што ѝ припаѓаат било на Бугарија било на Грција, врз основа на тоа дека тие територии се македонски".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа е мојата гаранција дека ти никогаш не ќе смееш да постигнеш на мене, та дури ни во вид на еден од оние твои фамозни куршуми што се наоѓаат таму каде што не им е местото.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Немаме ниту гаранции дека нашиот западен сосед Албанија ќе прифати да го доградува рибјиот пат од границата до морето, доколку и таму на реката се извишат хидроцентрали.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Инаку нема гаранции дека мнението не е погрешно.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Единствен материјал може да биде само мнението на раководството.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)