Во својата најдобра варијанта, оваа етика се противи на секој облик на хиерархија што може да ти текне да го донесеш со себе.203
Поентите на Керон и на Ворнер за антихиерархиските, комунитарни склоности на машката геј-култура потсетуваат на гледиштата на раниот француски геј-либерационист Ги Окенгем, кој тврдеше дека машката хомосексуалност ја имплицира новата можност за „хоризонтални“ општествени односи, наместо „вертикалните“ што се промовираат од страна на хетеросексуалната репродукција и сродност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)