Одбива геј-љубовта да ја обуслови со успешно подражавање на мажественоста, било да е тоа сопствената, било да е онаа на дечкото, и ја одбива сегашната склоност во машката геј-култура постојано да се креваат мерилата за прифатливата геј-мажественост, со кои се налага геј-пожелноста да зависи од сѐ поочајни изведби на тапата, брутална, неиронична мажественост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А токму такво чувство можеби машката геј-култура им предизвикува и на многумина геј-мажи, како и на многумина стрејт-луѓе, кои учествуваат во таа култура. (Значи Фелоус не греши сосема кога машките геј-практики ги толкува како женствени.) Но тоа не мора да покажува дека геј-мажите спаѓаат во трет или меѓупоставен пол, дека имаат различна биологија или психологија од стрејт-мажите, ниту дека имаат некоја посебна, суштинска, архетипска природа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ајде сега од ова гледиште да им се навратиме на италијанските вдовици од Фајер Ајленд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да ги проѕреш сопствените еротски илузии без да го лишиш предметот на својата љубов од достојноста да биде љубен, да се одречеш од следувањето почит додека и понатаму ја бараш почитта, да љубиш и да бидеш љубен без да внесуваш во својата љубов достоинство: ова е можноста што традиционалната машка геј-култура им ја нуди на своите приврзаници.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Врховна мудрост е сопствениот љубовен живот свесно да го живееш како мелодрама – сосема да сфатиш (иако не мора тоа да биде322 експлицитно) дека мелодрамата значи и деградиран жанр на книжевен дискурс и унедостоен прагматичен жанр на емоционално изразување: презрен, феминизиран, смешен, тривијален стил на изразување на сопствените чувства.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби не грешат кога лично се чувствуваат како цел, кога мислат дека машката геј-култура им го напаѓа самото суштествување како жени преку своите бујни претставувања на екстравагантната, претерана, хистерична, страдна, унижена или абјектна женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мораат да се преправат во стрејт-дрег.215
Не само што овој услов ја објаснува особената вредност што машката геј-култура им ја придава и на стилот и на играњето улоги туку ја објаснува и логиката на нивната меѓусебна врска.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ова објаснува и зошто машката геј-култура нѐ поттикнува да се смееме на ситуации – како оние што се прикажани во Милдред Пирс и во Најмила мамичке – кои се ужасни или трагични.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И иако во расниот состав на таа култура силно преовладувале Белци, учесниците во неа не може да се исцртаат така што сигурно ќе се совпаднат со некоја општествена група, определена според расна, етничка, национална и возрасна припадност, според способноста, па дури и според сексуалноста.
Затоа, понатаму, нема да зборувам конкретно за машката геј-сексуалност на белечката американска средна класа, како што нема ни да претпоставувам дека припадноста кон машката геј-култура им е ограничена само на геј-мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исто како што кампот дејствува да го нагризе неироничниот восхит кон убавината со чија моќ не може да се рамни и чија моќ не може да ја измести, така машката геј-култура се бори да ја одложи болката на загубите што не престанува да ги оплакува.
Можеби тоа е уште една причина поради која машката геј-култура им предизвикува толкава одбивност на геј-мажите, зошто побудува толку одрекувања и зошто современите геј-мажи се склони да ја проектираат врз претходните поколенија на архаични, патетични кралици – врз секого освен врз себе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А во општествен и симболичен систем во кој родовите разлики систематски се поларизираат, дихотомизираат и се претвораат во бинарни спротивности, секој гест што укажува на одбивање на конвенционалната мажественост сигурно ќе се чита како женствен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па, тогаш, разбирливо е што машките геј-културни практики – кои за мажите промовираат и шират нестандардни начини на суштествување и чувствување, кои прекодираат парчиња од главнотековната хетеросексуална култура со дисидентски или со нетипични родови значења и кои ги подучуваат другите на тој општествено девијантен и опозициски етос – велам, навистина е разбирливо што таквите практики може да направат да изгледа дека геј-мажите имаат својства и одлики што општо земено ги имаат девојките и жените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А границата што сакав да ја повлечам меѓу женственоста и женскоста можеби е граница што за голем број жени нема некоја разлика, зашто ним честопати им е тешко, ако не и невозможно, да ги одвојат двете категории при секојдневното искуство на родот и на родовиот идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Колку и да е згодно да се застапува – заради обликување на политичка одбрана на машката геј-култура – некаква апсолутно реска разграниченост меѓу женственоста и родовата улога или изведба, од една страна, и женскоста како полова или биолошка состојба, од друга страна, границата меѓу нив честопати излегува понејасна и понехерметичка отколку што човек би сакал, особено бидејќи самите машки геј-културни практики се склони да ја разводнуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Една од причините поради кои првенствено ја избрав Џоан Крафорд и што решив да го проучувам фрапантниот спектакл на измешани гламурозност и абјектност кој го приредува, и во Милдред Пирс и во тоа што произлегло понатаму, е тоа што нејзината гејска привлечност нѐ тера да се соочиме со два ноторни аспекта на машкиот геј-субјективитет кои ги прават денешните геј-мажи особено гадливи – па затоа и особено ненаклонети да ги истражуваат: имено, идентификацијата со жените и приврзаноста кон мајката.355
Овие две теми се и средишни и табу во современата машка геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Напротив, тоа покажува дека неавтентичноста не е погубна за љубовта, дека сериозноста не мора да претегне над ироничноста за да може да вирее и да опстои љубовта.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)