Далеку од тоа дека изумира, таа практика си живее, а уредниците на ТОНИ со своите културни преференции сведочат за нејзината натамошна виталност, токму кога тврдат дека традиционалната геј-култура веќе не е релевантна за нивната генерација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, нивното уживање да наоѓаат настрано значење во културните предмети што не ја прикажуваат експлицитно хомосексуалноста, а кои не ги создала отворено геј-култура, рекапитулира една претстоунволска геј-практика на настранување на стрејт-културата – односно, ја призива и ја репродуцира геј-културата „во класичната, универзална смисла“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога лобираат да се сфати колку „навистина настрани“ знаат да бидат некои културни икони што не се бележат како „отворено геј“, текстописците на ТОНИ покажуваат – не сакајќи, и покрај нивната увереност дека се креатори на трендовите – баш колку им е архаичен моделот на геј- културата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, тие примери на геј-култура, кои ни ги ставаат пред очи за да им се восхитуваме, изгледа, се состојат токму од новите дела што почиваат врз настраниот живот или барем што искажуваат настран сензибилитет, а што во секој случај ги создава актуелната жетва на настрани уметници.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)