Татковата глава беше малку накривена врз книгите, а левата рака необично му висеше.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татковата глава беше спуштена на бирото, врз отворените книги и сиџили.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Бев многу уморна од долгиот пат и од многуте впечатоци што немав можност во тој момент ни да ги средам зошто во мојата глава беше хаос.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Таа слика во нејзината глава беше пореална од реалноста.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тогаш, еден од кољачите, не знам со каква капа на главата беше, го забриша крвавиот меч со своите бечви, ми пристапи, ме фати под рака и ме трга на страна.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Прашувањата што веќе му навираа во главата беа за други луѓе. Пред сѐ можеби за Петра. Можеби.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Јадар и плеќест, неговата тркалезна глава беше обрастена со бујно навиткана коса која му се мешаше со исто така бујната брада. Усните му беа набабрени и напукнати.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нејзината глава беше врзана со јажето, но од устата нандвор фрлаше насекаде отров од својот змиски јазик.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
“ Ние сите со главите бевме на прозорците.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Нејзината глава беше постојано во рацете на грнчарот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Потоа ја ставаше да се пече заедно со сите со уплашени очи и целата испрскана со студеникава пот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)