— И покажа со глава на групата машки меѓу кои Илко беше за цела глава повисок.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Цепенко беше речиси за глава повисок од другите востаници и каде и да се помрднеше по позициите, тој се гледаше и се забележуваше со белиот завој на главата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Малите деца кои тукушто проодуваа, само за глава повисоки од него, му правеа убав муабет и со него ги делеа смоките.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Јас така размислувам, кога тој се исправи и - што да видам? Да не ве излажам, ама уште колку за цела глава повисок од писарот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Го премерив Абраш и забележав дека, освен што е за половина глава повисок од мене, нема кој знае какви мускули.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ќе се вратам со битолскиот воз, а вие распрашајте се кога пристигнува во Скопје“.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тогаш дојде тој - изненадувањето. Љупчо срипа и машки се поздрави со него. За глава повисок од Љупчо и плеќест.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Ќе се дружиш од прво одделение, повеќе од четири години ќе споделуваш секакви мачнотии и понекоја радост, залак од уста ќе двоиш, голтка вода ќе делиш, а потоа ќе дојде некој си Џеронимо - напрчен и за глава повисок од нас - и другарството ќе се распукне како меурче од сапуница.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Баба ќе се врати“ - извикав така што можеше да се сфати повеќе тага одошто радост.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тоа ти е - дај си ја раката!“ извика Џеронимо удирајќи со десната тупаница во левата дланка.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Да седнеш во ауди или во опел. Е, тоа ти е нешто подруго!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)