Ја заби главата внатре...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тој го подотвори капакот и жмирајќи, ја бутна главата внатре.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
А, да, зборот ми беше дека баш синоќа, во состојба кога главата ми беше полна со зборови, мисли, горчлива течност, “правила”, не земав лист хартија да ја исфрлам сета мачнина, “епохална самотија” само затоа што знаев дека денес ќе ја добијам машинава и сето тоа иако во главата внатре е хаотично, ќе биде посредено со помош на овој предмет пред мене кој бил, освен прашината, голема инспирација за Ли.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Јас тогаш ќе дотрчав за да ја пикам главата внатре.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но тој сосема ја изненади кога бргу, со само еден потег, ѝ ја отпетла кошулата, се наведна, ја пикна главата внатре и почна да ја бакнува, да ја шмука и да ја гризе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)