Сега попот беше тој што што нè научи инаку да се крстиме: до доаѓањето на поп Доне, според тоа како нè имаше научено Петре Даскалот, кога се крстевме, главите ги држевме веднати, а откако дојде поп Доне, пред да се прекрстиме, требаше прво главата да ја навалиш убаво назад, убаво да го видиш таванот, демек небото и тогаш трите прсти да ги ставиш на челото и да речеш „Во имја Оца“ и потоа полека да ја враќаш главата назад што кога ќе речеш „Амин“ со трите прсти на срцето, главата да ти бидесвртена кон земјата ама малку накривната влево, пак кон срцето.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Одвреме-навреме ја свртуваше главата назад и го гледаше бесконечниот тек на сообраќајот, а уште подалеку ги гледаше гроздовите од куќи што беа мали како кутии и беа раштркани над рамното земјиште.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Заедно како по договор ги свртеа главите назад, погледнаа над ѕидот под мисериштето. Немаше никого.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Кога сака нешто да каже, бидејќи не може, само ќе се изнасмее со некакво зеење, ќе ја зафрли притоа главата назад, и продолжува да влече. Рацете му се канџи, суви и крвави.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Навистина живот ќе проживееме во Мариово како старите некогаш. – Ке си имаме уште многу расправии со тие горјани, туку нели ги налегнавме овие – и покажаа со главата назад кон врзаните – другите ќе го наведат грбот да ги јавнеме. A и кадијата нека е жив.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Србин и Шишман веднаш штом сфатија што им вели Чакарвелика, ги свртеа полека главите назад кон планината како да ќе видат нешто од тоа што го чуја.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)