Го фрлија народот во нерамна борба, сега ќе ги плаќа нивните грешки, ќе страда до страдање.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ете, јас те сака'м, мори Недо? — се опули во неа и лути мравки го полазија од пети до теме и ја удри главата ничкум.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ги удрија главите ничкум и се зажалаа од безизлезната положба. – Ех, било таксират, ќе се умира, деца! – за првпат му се испушти од грлото на поп Јакова кој стана и почна нервозно да шета.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Митра ја удри главата ничкум и длабоко се замисли.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И овие го послушаа, ја отворија племната и се закопаа децата во сламата, а возрасните ги скрстија рацете и ги удрија главите ничкум.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ги растоварија раниците, го распалија огнот и прва грижа им беше да се најадат, та почнаа да претураат по куќата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога овие ја слушнаа сумата од сто илјади аспри, сите ги удрија главите ничкум.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Земи каменот — столчи ни та главите прво нам овде, па после оди расправај се со Борисовци, Перевци, Петревци и Тренковци твои — му одговорија Иге и поп Пано во еден глас и ги нурнаа главите ничкум, небарем тие беа главните виновници за несреќата што ја постигна нивната Беловодица и сите други села во Македонија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)