На Винстон му помина низ главата дека ова е првпат во животот како гледа, со знаење, во член на Полицијата на мислите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Па нели ти реков, дека е тоа комшијата кој си ставил во главата дека сум негова девојка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Учиме, мака мачиме, но некако не ни влегува во главата дека во однапред означениот простор уметникот може се.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
А тој беше едно такво занесено човече, со оние свои чудни мисли, така што по цели денови му се сновеше низ главата дека и човекот, како и сите други живинки, што ја лазат оваа земја, би требало да чекори на сите четири.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Не ти префрлам за неговата смрт” ми вели, „иако навистина го приумре јадот дека му ги зедовте и нивите и стоката.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Грд но безвреден потег на повредена жена на која и се завртело в глава дека јас сум ја потпишал заповедта да му се национализира богатството на оној нејзин кулак!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Му поминува низ глава дека, ако така му било пишано од семоќниот Адонаи, би било добро да умре како праведник во Ерусалим, што е сон на секој Евреин. Сепак, не - се сепнува од таа ненадејно дојдедна мисла.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тогаш оние придојдените и оние што не стигнаа да се напикат во некоја отворена уста на црните вагони, си ги задскрија тупаниците од зад грб и назадечки го отвораа кругот околу вагонот со скриена мисла во главите дека уште веднаш треба да се спотнат огновите за да не ги угасне денот и сонцето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кој ја имаше мојата мисла во својата глава дека треба да го закопаме на највисокото место?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Климнав со главата дека можам да станам.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дончо, исто така заради долгата и голема прошетка по синорот на Острово, засвирка низ носот во леглото крај баба си, додека таа, Митра, долго не можеше да ги напади зборовите на Чана од својата глава дека сака уште некое дете да истисне од својата голема снага.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Таа не беше свесна дека кај многумина од бегалците, кај оние што оставија некој свој близок во рамната земја, напика мисла што рие како црв во нивните глави дека кога тогај нивните мртви мора да се преселат во нивна близина - тука, во Македонија.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ако понекој случај пак остане жив, ќе биде слеп, можеби глув, а ти гарантирам со глава дека ќе онеме!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но, можете да сметате на тоа дека алчниот сталеж ќе се брани.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Оној којшто еднаш ќе ги раздува сите тие моќници со кои сталежот мавта како врачевите со своите фетиши - неговите големи писатели, неговата Џоконда, неговите столови Луј XV, неговата убава граматика, неговиот изумрен стерилен јазик, целото негово купиште конзервирани мртовечки коски коишто ги потстава како уметност и култура - оној кому што ќе му успее да му дојде од газот до главата дека вистинската жива уметност, единствена, и вистинското инвентивно творештво се на негова страна, а не маскарадите под покровителство на министерствата, тој ќе го потисне алчниот сталеж.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)