Сепак, од друга страна, не можам да разберам како сѐ уште има луѓе кои умираат од глад или од некои примитивни болести.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Веќе не сум преокупиран со гладот или вошките, носам испрани и чисти алишта, повеќето сум во костумот што ми падна на лотарија во Гаково, косата измиена и со патец настрана, снагата капена во бањата кај градската болница, а не сум ни гладен, бонлук леб и мрсно, па кога се враќам од часови, сечам голема фелка леб, ја мачкам со сало и врз неа ставам леени колбаси, едно или две куси коматчиња.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Како што зимоска срната се засолни овде во манастирон од глад или потера од волк или нешто друго, таа така и сега е дојдена од мака.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Од глад или од тоа што знам дека пак е одена наоколу да ги подмамува оние мачки и она куче за пак да може по ручекот чиниите наместо да ги измие да им ги подметне на мачките и кучето да ги излижат.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Игнорирајќи го гладот или залажувајќи го со по некое јаболко или некое зрно леблебија купена на одморите, се дружев со хероите на Шолохов од Тихи Дон откриени за прв пат во првиот том купен од една антикварница во Суботица, издание на Космос од Белград од 1940 година.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Често од тоа умираме ние кои го работиме овој занает.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Умре од глад или од студ. Или и од едното, и од другото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)