глас (имн.) - бев (гл.)

Да, глас беше и јасно го слушна. Сега точно знаеше на што тој се однесува.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Неговиот глас беше обоен со одвратна неодолива искреност, а краевите на неговите прекрасни Кристијан Вајт усни беа секогаш влажни.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сѐ така тихо плачеше, но гласот беше малку посилен, пожив. И бојата на лицето бавно ѝ се враќаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Изворот на гласот беше замаглена глетка, но сега заоблената форма му беше во фокусот, со крпа в рака го бришеше шанкот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Утрината во дворот гласот беше се престорил во виолетови, небесни и бели венчиња – велигденчиња.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Го слушна Тошевиот глас и се заслуша. Гласот беше силен и необичен. Изгледа дека Тоше се кара со некого.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Да го повикам?“ Климнав потврдно со главата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој глас беше на медицинската сестра која требаше да остане со мене сѐ додека ми беше потребна помош.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само, тој немаше глас. Гласот беше далеку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А кога тој глас беше најсилен и кога неговата сосредоточеност потреперија и стаклата на прозорецот, кога тој распаруваше со својата машка незаситна болка, еден помлад, поплаховит, уште несознаен за силата на своите извивки, се придружи кон него и ги направи уште потрпки и уште понескротливи сите тие болки на писокот со своето поројно мутирање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Се гледаме за десет дена, - бојата на нивните гласовите беше таква што во нив имаше само искреност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзината насмевка, очи, движења, тело, дури и бојата на гласот беа како на Рада од пред дваесет и пет години.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сè до појавата на неговиот глас, немаше сомневање гласот беше негов, на Владимира Акиноски, и Потковицата одново ја поплави страв.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Проклет да бидам, можеби измислувам, можеби тоа беа само тихи, темни бранови, но тој глас беше вистина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Терапијата не помогна. Поривот да извикува пцости на сет глас беше силен како и порано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога проговори, неговиот глас беше нежен и стрплив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон одеднаш сфати чиј глас беше оној што го слушна пред малку од телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
О'Брајан застана и го погледна одозгора. Неговиот глас беше одново строг.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговиот глас беше сув, како облак загушлива прашина избувнат од штотуку распукана земја.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И по тоа што кога ќе ме погледнеше, за миг ме гледаше интензивно, а потоа го тргнуваше погледот, а најмногу по говорот, по отвореноста и должината на самогласките, што, се разбира, е одлика на сите од овој крај, ама во случајов и бојата на гласот беше иста, и поставеноста на забите, и линијата на усните.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Гласот беше толку писклив што сите се обрнаа назад да видат кое е тој што се осмели на сретсело да ги нарече чорбаџиите глодачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„А му реков -остави го. Не ме ни послуша. Морав да го убијам.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Гласот беше тврд и предивикувачки и можеше во тој час да се разлее во широка смеа - „Јас, на зајак. Избега.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Го убив, Никола.“ Нејзиниот глас беше сув и безбоен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Промрморев неколку неповрзани реченици, обични баналности, но не можев да се принудам да запрашам за кога е договорен погребот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нејзиниот глас беше тивок но решителен: “Готово е.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес умре.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Низ главата ми минаа десетина одговори, но ниеден не изговорив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)