Гласот доаѓаше од правоаголната метална плоча, како затемнето огледало, која зафаќаше дел од површината на десниот ѕид.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Гласот доаѓаше од позади една гробница. И ја здогледав неа.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Гласовите доаѓаа од горниот дел на Маказар, од правецот од каде што доаѓа реката од под планинските падини што ги сече новиот пат, спружен наместа на стариот Виа Игнација, а наместа крај него.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој сфати дека гласовите доаѓаат одозгора во кулата и, погледнувајќи нагоре, над главата виде ногарки од дрвени клинови, греди, диреци и потпорници.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ми се стори дека неговиот глас доаѓа оддалеку.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Крај неа не е веќе Митра, нејзиниот глас доаѓа од одајчето на бабата Петра, само Чана не може да разбере што зборуваат.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Другите поединости во врска со овој случај навистина не ми се познати.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Втрчал во собата на еден од иследниците, но бидејќи гласот доаѓал однадвор а прозорецот бил отворен се нашол долу, во тревникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како да не поверуваа оти тој решителен, јасен глас доаѓа од ќоше, од она место каде што беше Кејтеновиот син.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Дента откако отпочина Бог Поворки стигнаа од краишта опашани со море И гласои доаѓаа од кај ѕвездите.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Гласот доаѓаше од високо, од гранките на трнот под кој спиеше Полжавот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)