Во неговиот глас немаше возбуда.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Што сакаш?“ Во гласот немаше лутина; беше студен и спокоен.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Но“, реков јас, повторно како во устата моја да беше всаден јазикот на Стефана Лествичник, „гласовите немаат значење.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Таквите гласови немале основа, но претпазливите мерки на властите се сметале за нормални.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во гласот немаше веќе шеговитост. – Зошто сакаш да работиш?
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Пред моите очи сал непознати лица.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И во ниеден глас нема радост.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дури втасав да помислам дека моето евентуално разјаснување на вината што ја спомнав со несигурен глас нема да биде доволно уверливо.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но Катерина и понатаму молчеше иако во сенката на гранката што ѝ паѓаше на делот од лицето свртено кон мене се случуваше нешто што не можев да го протолкувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)