— Тода ја прегрна Неда преку кале, се стиснаа обете и гласот им се слеа во едно „ахаха — ихихи!“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Еден од пајтонџиите, што не доби патници да одвезе, им се приближи и со сосема разбирлив глас им проговори: — Искате ли да ве закарам некаде с фајтона?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Селанки од околните села, во старозамански руби, народните, де, месеа и печеа пити; понатаму завиваа народни пеачки, гласот им се слушаше до под половина Галичица..., а им свиреа свирачи донесени од Битоља... да ѝ биде весело на народната власт.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Гласот им светка со светлина од Создавањето и слушајќи ги си велам: Не продолжувај никаде, скриј се во нивниот глас и низ него исчезни. Не продолжувај, доколку господ веќе ставил точка на сè. ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Птици се тоа собрани на миса - се чита евангелието по Лука, и на местата пред да се рече Амин тие заедно и тихо запејуваат.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Со продорен глас им укажуваше на членовите од Законот и потоа им пишуваше казни, додуша на листови од тефтерче со Вини пу и моливче кое оставаше светкави, виолетови траги (во кое инаку ги запишуваше телефоните на клиентите) но, без разлика, психолошкиот ефект беше постигнат, а возачите посрамено и повнимателно продолжуваа понатаму.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Песокта стапките им ги збира примракот трагата им ја брише ветерот гласот им го гаси.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Патот ви е чекорење слепо, вечно ќе сте во подземна крепост.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Неговиот глас им беше светлост во вечниот мрак, сончев изгрев. Утро и ден.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
А, пак, кога ќе се јавеа, гласовите им беа среќни, пресреќни.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Дека ве слушаат вас, затоа им биле такви – рече Игбал.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Гласот им е изменет, зборот плачлив, речиси натежнат од солзи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мислиш по повеќе гласови им излегуваат од устите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но една приквечерина гласот им молкна.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Моли се, крши си ја главата од олтарски двери, пак ништо“, со тежок глас им се придружи Никола Влашки; пијанството му го шараше со дамки бабуњосаното лице.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Сите неми на светов. Човекот се моли со срце, не со уста или со јазик.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со сонлив глас им рекол на луѓето да го погледнат. - Мојата крв, браќа, ја накисна земјичкава ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со очи го повикал светот на светците и ги кревал рацете кон нив, сакал да ја одбие од себе незаслужената среќа тој да го уништи чудовиштето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Плачливиот глас им е смешан со другите.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Гласот им е ист: писклив и дрдорлив, но едните порано беа вистински попови и ѓакони: носеа брадишта и долги мантиести шинели.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
На овие гласови им се спротивставуваа други, според кои татко ми бил фанатичен противник на социјализмот и комунизмот, класен непријател кој не сакал да се солидаризира со новата класа, од „спасените козари”.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Ако не ти чини, препомини го, ми велат другачките и пак се смеат, се укаат, една подруга се укаат и гласот им се шета ко ѕвонец низ полето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И сите викаат, вели, а гласот им се одѕива во нас.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)