Од север ветар на прозорецот ми свири!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Симке! Симке!... Стани! Што плачеш? Денес ќе дојдат... Дојде глас дека ќе стнгнат!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Молчи. И молчи велам, ти снебиден веќе за туѓи очи, молчи, над својата малечкост питома заспи и мисли лош сон си сонил, лош глас си чул, ти не си тој што може друг да си и да не се плаши.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Кога на пролет благиот југ ќе запее и јас со него заедно гласот си го здружувам: белки Костадин ќе чуе, скоро да ми дојде...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)