глас (имн.) - ѝ (зам.)

Дојде преполна со впечатоци. Толку многу беше воодушевена што гласот ѝ трепереше кога раскажуваше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Штом ќе го забележеше тоа старицата стануваше повесела, гласот ѝ се подзасилуваше и пееше подобро.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Љупчо? прашуваме, а насобраните велат - Две деца биле, ги однеле в болница.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Живи се... велат насобраните и - ништо повеќе.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вчера беше под шок, а денес го пуштија дома да го негуваме...“ се обидуваше спокојно да зборува, ама гласот ѝ трепереше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таа е приказно убава. Гласот ѝ е мек и зборовите чиниш се слеваат со душата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„А ти?“ гласот ѝ сугерираше како да ѝ беше побитно што сака тој.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Милан повторно прозборе и топлината и природноста на неговиот глас ѝ го доближија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Гласот ѝ го дочу земјата и некаде го скри.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Колку мило зборува девојчено, рече старецот, гласот ѝ е како остров среде морето и како дожд во пустина.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Каде? Прудолу... Гласот ѝ секна. Со раката замавна пред очи и по подолго молчење, прошепоти: - Големо лошо и страшна несреќа ги снајде...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму најде три спомени: во времето кога за неа многу нешта на светот сѐ уште немаа име, едно момче ѝ подаде остар предмет и рече: „Нож“; во времето кога сѐ уште веруваше во бајките, еден глас ѝ шепотеше за птицата која со клунот си ги раскинува градите и од нив си го откорнува срцето; во времето кога допирите ѝ кажуваа повеќе од зборовите, една рака се приближи до нејзиното лице и со јаболко го погали нејзиниот образ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И во тој последен час на денот, во тој брз заод на замагленото сонце, игуменијата со малку потемни сенки во очите, непроменливо загатлива и стара каква што можела да биде пред десет години или каква што ќе можела да биде по десет години, кренала рака за удар или за благослов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гласот ѝ станал длабок, повеќе заканувачки отколку старечки. Ѕвездата на брчките околу устата се раздвижила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секогаш кога поројот од мисли ќе ја вратеше назад низ времето, пред очите ѝ се појавуваше судникот со трозабецот во рацете, кој со рапав глас ѝ ја соопштуваше одлуката за гревот и товарот што требаше да го носи како казна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Колку што ми држи гласот ѝ викнувам, и се бувнувам во печалката. 111
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гласот ѝ ѕвечи во шумата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гласот ѝ ѕуни, удира во ѕидовите од собата, си бара пошироко место.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гласот ѝ беше здебелен, темен, заповеднички.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Досега гласот ѝ беше мек, зборуваше полека како по ноти со милозвучен звук.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но сега гласот ѝ напука, доби опорост и тажност: „И полоши последици оставаат тие клети затвори...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
За било што, за најмала ситница, подвикнуваше и се расправаше: гласот ѝ беше писклив, крикав како на птица грабливка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Лицето ѝ гореше, гласот ѝ беше туѓ. „Ти не веруваш дека човека може нешто да го понижи.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа ги прашала: Добро, за кого треба да бидам, а едниот глас ѝ рекол – Се разбира, за мене. Им рекла: Добро се согласувам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ама затоа пак гласот ѝ беше певлив, мекамлиски, без стрчки во извивањето, а за пријатната миризба на мошус и амбра што павташе од неа, и да не зборуваме.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Истиот ден, ѝ се јави по телефон на Елена. Гласот ѝ трепереше. Од возбуда.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Гласот ѝ дојде толку познат, толку мил и одвратен, та сакаше до живот да го слуша, и ич да не го слушне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Маестро! - се јави Јана. Гласот ѝ беше цврст и нестрплив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Воздух“, се чу Ана. Гласот ѝ се губеше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мајка ѝ со тивок топол глас ѝ рече на Благица: - Забележуваш ли дека нашето врапче боледува? Денеска и не јаде.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Како и обично, гласот ѝ везе. Сакам да ја слушнам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И самата се зачуди колку гласот ѝ е нежен.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
На Фимка сѐ повеќе ѝ се чини дека гласот ѝ е познат и, гледајќи ја девојката од оваа оддалеченост, таа се чуди и не може да се изначуди, та се прашува, зошто ли токму неа, непознатата ја вика и упорно ја довикува?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не можам веќе да те видам”, рече таа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Мораш ова да го слушнеш.“ Гласот ѝ трепереше од возбуда.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Мммм“, реков со гримаса на апетит на лицето. “што има за вечера?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Не можеш да ме видиш?“ Бев вџашен, погоден, лут.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од другата страна на жицата имаше молк.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Еј“, ја прекинав со страсен шепот, „сношти навистина беше посебно.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Во Јужна Америка и во Африка. Еден вид мува ќе те касне и ги полегнува своите јајца во твојата крв, и кога јајцата ќе созреат, ларвите - мали бели црвчиња - преминуваат во твоите очни јаболкца, токму под мембраната, такашто можеш да видиш како се грчат.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„‘Кај Хелмут’. Можеме да се видиме ‘Кај Хелмут’. Те молам. Те сакам.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Гулаби. Тие се како летечки стаорци.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ох, да“, рече таа, „да, сношти. Беше. И те сакам, да, стварно...“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Гласот ѝ стана мрачен. Веќе не се смешкаше. што можев да кажам?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Тогаш Рокфелер центарот, крај фонтаната.“ Гласот ѝ звучеше мртовечки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Гласот ѝ беше колеблив и далечен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Онкокерциасис“, реков. „Знаеш ли што е тоа?“ Гласот ѝ затрепери. „Кажи ми.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја поттупнав по раката и светнав со насмевка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа се сврте кон Бреза која трепкаше со очите како да е најневиното ангелче на светот и со милен глас ѝ рече: - Дојди ми тетино, ти си ми најдоброто девојче на светот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Не сум секогаш добра мајка, нели? – праша, а гласот ѝ беше како нешто да згрешила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И изразот на лицето ѝ беше како на виновник.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)