Таванот е неупотреблив Такви се шемите на животот Секогаш ќе ти го ускратат она што го посакуваш Во заборавената куќа сè ѝ е подредено на загрозеноста Чинам оти сум престрашен од сопствената храброст Па сепак ги следам чекор по чекор О браќа мои О луѓе вашите залудни гласови вашите тешки зборови воденички камења што ја мелат ноќта што мелат што ме мелат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Како се оддалечувавме – слушавме времето што идеше како ја тресе вселената пеејќи: Од каде доаѓа гласот ваш и кој ве закова за земјата Вие без писмо што ги запишавте сите книги човекови?
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)