И сите заедно, и тие што ја кажуваа оваа приказна, и тие кои не веруваа ни во неа ни во јанческата, нетрпеливо очекуваа да дојде сабота па да чујат какви гласови ќе донесат од Прилеп неколцината одредени да отидат таму за по аништата, кај роднини и светијони да се распрашаат за Бошета и ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
5) Напишете почеток на некој роман служејќи се со сезнајниот авторски глас, така што сезнајниот авторски глас ќе го направите јасно видлив, влегувајќи во мислите на една или повеќе личности, откако сте го препознале нивниот глас.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
2) Опишете предел виден со очите на старицата чиј одвратен и неподнослив маж штотуку починал. Не споменувајте го ниту мажот ниту смртта.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Киберпанкот е невидлив глас на тој процес, и сѐ додека процесот останува нерешен - на пример, сѐ додека тој се заканува да ме преобличи - гласот ќе биде тука.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Да не беше месечината, само по гласовите ќе се распознаваме.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Глуви уши ќе повикуваш, оти гласот ќе ти секне, а силата ќе ти одлета!“
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Зарипнат машки глас ќе се заплетка во нивната мелодична врева. Високо и ѕвонко трепери женска смеа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Напати некој глас ќе ми се чуе: стани, мори Небеска, земи си го лебот!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во моментот кога сите гласови ќе “влезат”, правилата на играта престануваат да важат.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
(Нели, чудно јачат зборовите кога шетаат по одаите на сонот).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Иван сум, Иван!“ Си ги замислував тие гласови како мали деца: уште не проодиле а шетаат лазејќи околу мене.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Едниот глас ќе викнеше: „Еј, Ведране, сврти се“, а другиот некако од поодалеку ќе одговореше „Не, не сум Ведран! Така ме викаат другарите! Иван сум јас!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Чана не ѝ дозволува Петра да си ја идентификува сопствената судбина и сопственото постоење со постоењето на оној човек онде, Чана живее само во мигот во кој реално постои и затоа таа речиси со гласот ќе ја крене на нозе без да биде свесна за тоа, ќе ја натера да си ги наниже бовчите на рацете, се разбира, во низата и неколку кокошки врзани со сиџимка, на крајот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- А на кој глас ќе се пее? - Па, синко, на тој, кој дава пари.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ја знам за дните: тешко ќе врват, ни глас ќе чујам од народ свој...
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Кога влезовите на шаториоте ќе се спуштеа и затвореа, и кога внатре веселите гласови ќе се стишаа, огнот и натаму продолжуваше да крцка, да светка сè додека стражарите од последната смена не се повлечеа и не го оставеа сам.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Да не сум јас одредена, таа крв, со својата крв да ја вратам, И си мислам, дали и мојот глас ќе се јавува, ноќе, во долот и ќе ги потплашува луѓето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)