Како глувче во фак. Лежам и како насон, кога некој ме брка, не можам да бегам; се мачам и го чувствувам чукањето на срцето дури и во коските.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И така, се подели светот: на оние со сладост и милност на глувчињата во кафезите на својата глава, заслушани, со широки насмевки на лицето, со шепотни облачиња на усните, и на оние со затворени, згрчени усти, со очи ококорени, обезглавени, исплашени, вџашени.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сите бележани со истиот знак на среќа, загледани и заслушани во себе, во кафезите со глувчиња во своите глави, и што е најинтересно: помалку или воопшто не јаделе.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Летото кога се појави глувчето во малата одаја на новата куќа, беше тешка горештина и страшна суша.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Знаев дека и тој си ги насобрал своите глувчиња во просторот меѓу челната коска, темето и слепоочниците, дека и него го радуваат, го развеселуваат глувчињата, по ќошињата од неговата глава.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Не смеам, срцево ми се тресе како глувче во фак.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Туку да го викнам Спиро, знаеш, машко срце...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)