Слушнавте? – викна кадијата и остро ги погледна сите врзани. – Инаку, ни глушец нема да остане во селово. – Аман, ефенди, аман бегу, аман ага, аман пашум – почнаа сите врзани да молат. – Аман, што сме должни ние да плаќаме за нашите дедовци и прадедовци – проговори сам попот. – Нема аман, нема аман бре ќерата!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Каљостро: Така, ако сте дрогирани, претепани, пијани, за да се вратите дома, тука е сома.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Каљостро: Глеаш собрание, Чкаља, Мики, Развигор, Мики и Славко, Чики и Мики и уважените пратеници Чат, Пат и Мат?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кракатау: Вечерва смогов низ градот се сече со ножици или со лажици можете да го сркате, по желба, а ние се пробивме до ова темно катче каде што ни едно пиле не пее, кадешто ни глувците немаат мир, а еве, кога доаѓавме, дури и Шарко, студентскиот беден Шарко избега од нас, како параноичен глушец, ко да сме ние двајца некакви си фантоми, ви се молам, некои смоговски џукелчиња од чад, ти ебам, кога и кучињата бегаат од нас!
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)