Онаа која признава само подлоги влажни
и мрачни, подземја непожелни
дома, избива одненадеж како пожар
лази по таваните божем по одбрано небо
без брзината на лебарките
глувците и осите.
Неприлагодена и грозоморна
без митологијата на старите.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нашол една калуѓерска шапка и една долга реса; зел едни црни броеници подолзи од него, та отишол в црква кај амбарот, што збираа црковната пченица и застанал спроти дупките, од кај што излегуваа многу глувци и ватил да се крсти и метании да чинит и да 'и тргат броениците зрно по зрно и да викат што да викат што да можи и не можи: - Господи, помилуј! Господи, помилуј! Господи, помилуј!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)