Само кога гневот ќе биде оправдан –заврши старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Со сила што чувствуваше дека е непобедлива, со гордост на слободен и независен од никого, со право кое никој овде не можеше да му го оспори, тој се замеша во разговорот. Не се замеша, но просто заповеднички извика: — Доста од обете страни!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе избегате сега, но народниот гнев ќе ве стигне па и во глувчева дупка да се скриете!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)