Треба да се спомне и дека ЗВРС воведе и обврска за органите и организациите во РМ да обезбедат заштита на личните податоци на странците (чл. 32). 118 Прекршочни одредби Законот од 2007 година предвиде нови основи за изрекување прекршочни санкции.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Измените од 2007 година предвидоа можност за работодавачот да го зголеми утврденото право на нето плата во периодот од 2007 до 2009 година за по 10% годишно, започнувајќи со исплатата на платата за септември 2007 година (чл. 7, ЗИДЗОПРМ/07).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Дополнително беше избришан чл. 5 од ЗИПРМ кој нормираше дека „просечната месечна нето плата по работник која ја исплатува работодавецот не може да биде пониска од 50% од просечната месечна нето плата по работник на одделот на кој му припаѓа работодавецот регистриран согласно со Националната класификација на дејностите, објавена во тековниот месец.“ (чл. 2 од ЗИЗИПРМ/јан.12) Измената на ЗИПРМ од ноември 2012 година предвиде дека работодавачот може утврденото право на плата во 2013 година да го зголеми за 5% почнувајќи со исплатата од декември 2013 година.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Исто така, во делот кој се однесува на признавање по отворање на стечајната постапка во Република Македонија, ЗС од 2006 година предвиде отворање на посебна стечајна постапка во РМ од страна на судот, а по предлог на надлежниот фонд за здравствено осигурување и надлежните фондови за пензиско и инвалидско осигурување, за побарувања кои, според закон, задолжително се издвојуваат од приходот, односно од платата, како и по предлог на вработените кај стечајниот должник со постојано место на работење во Република Македонија.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)