Во мај таа година пристигнаа уште околу 50 лица од Будимпешта.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На 22 јануари 1941 година пристигнал во Белград, каде што заедно со американскиот амбасадор во Кралството Југославија, Артур Блис Лејн, направиле неколку посети на југословенските државници и генерали.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И покрај дадените уверувања од страна на југословенските политичари и генерали дека односите меѓу Кралството Југославија и нацистичка Германија се добри и дека Кралството Југославија не е загрозено од Германија, тие не го увериле американскиот пратеник во искреноста на нивните искажувања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во случај тоа да не се случело мисијата замилила да биде запознаена со “политиката во однос на Македонија“.276 На 7 октомври 1944 година пристигнал одговорот од позадинската воена мисија на Фицрој Маклин во кој ја известувала мисијата Bethesda дека сојузничките единици кои дејствуваат во Грција и Албанија “нема да влезат со сила во Југославија“, а дека на “време ќе ве предупредиме ако каква било британска операција биде превземена кон Македонија“.277 На 11 ноември мисијата Bethesda побарала од Force 399 авионите кои оперирале во секторот по долината на реката Вардар „да не напаѓаат кои било цели во Македонија освен на патиштата и железничкиот сектор Велес-Скопје-Качаник-Урошевац.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)