Дванаесет години работи Веле со Аргир и за сето тоа време тој не го чул ни еднаш него да заговори вака топло, човечки.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во историјата на модерната уметност три основни извори се земаат како најважни за настанувањето на денешниот мејл-арт: Њујоршката дописна школа на уметноста (New York Correspondence School of Art), основана 1962. од американскиот уметник Реј Џонсон, чија активност се состоела во праќање на сопствените колажи на одреден круг пријатели и уметници (вкупно имало стотина вклучени), по што добивал уметнички одговори; потоа е важно француското движење Нов Реализам (Nouveau Realisme) во рамките на кое во почетокот на шеесеттите Ив Клајн и Бен Вотје создаваа „поштенски скандали”; третото движење е меѓународната група Флуксус (Fluxus), која шеесеттите години работеше врз испитувањето на пропусноста на поштенскиот медиј како и на парафразирањето на неговите средства (марки, печати, дописни картички итн.).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Исто така, повеќе од четири години работеше на портретот на Mona Lisa, не можејќи да го доврши, како што пишува кај Vasari, и што го потврдува фактот дека сликата никогаш не му била испорачана на нарачателот. Duchamp, исто така, 13 години работеше на своето Големо стакло, дваесет години на амбиентот Со оглед дека, долга хронологија во текот на која периодите на интензивна работа се сменуваа со периоди на мрзеливо размислување.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Следните неколку години работи како танчарка и стриптизета, по што потпишува договор со Вивид Ентертеинмент и започнува успешна кариера во порнографската филмска индустрија (за што е наградена со најпрестижните еснафски награди).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Неодамна весниците пишуваа за некој скулптор кој долги години работел во својата вила, во близината на Кичево, кај кој ноќе, наводно, доаѓала монахиња, исто така со џип, но подоцна се утврдило дека под дулбенот со ширитче по рабовите и долгата црна носија на божемната искушеничка се криел поп, хомосексуалец.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Со години работев сам во гаражата, а реакциите за тоа што го работев ги добивав дури откако стриповите ќе излезеа од печат.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Секој дел од процесот го сметам за креативна работа.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Долги години работел како новинар, постојан дописник од Атина и уредник, а потоа како издавач.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
За шоферчето Пред десеттина години работев речиси по цел ден, па кога од пат со стока (ако 2, 3 торби и 5 кесиња може да се нарече стока), ненаспана, неизмиена и, да не речам смрдлива, ќе се симнев од автобусот, право одев во дуќан.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И таа имаше завршено право и по дипломирањето неколку години работеше како службеник во една земјоделска задруга.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Дарко веќе беше паркиран на една шанкерска столица и весело разговараше со Ема, која со години работеше во Златно Славејче.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Пред две години работел на некоја куќа во едно подалечно планинско село. Оттаму не се врати веќе.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Најважното го оставив за крај: Ѓоко со години работи како шофер у ГСП, вози дупла двојка од Сарај до Аутокоманда и обратно, а Лиле работи у Стоковната куќа преку мост, на втори спрат.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
За таа работа попот Матлија го замоли копаничарот Арилко, прочуен мајстор за изработка на дрвени предмети и фигури, кој неколку години работел по манастирите во Света Гора.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Мојот татко, кој е еден од ретките познавачи на македонскиот јазик и правопис со години работеше како коректор во печатницата на Нова Македонија (првиот весник на македонски јазик)...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Никогаш ништо не земаше, туку чекаше да го добие тоа што го заслужил.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
НОВЕ: Работам:
ЈАКОВ: Пет години работиш.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Петнаесет години работам како туристички водич во овој мртов град!
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Разговарал: Paul Taylor извор: Art Flash DD ПТ: Ќе ги изложите вашите последни слики од циклусот “Тајната вечера”, во Милано оваа година. DD ЕВ: Да. DD ПТ: Кога се работени сликите? DD ЕВ: Цела година работев на нив.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Крај неа беше братот лекар, беше стигнал и најмалиот брат од Германија, кој повеќе години работеше таму.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во меѓувреме, таа прави напори за да преговара со газдата, но до тоа не можеше да дојде во реалноста – бидејќи меѓучовечките односи во претпријатието одамна беа нарушени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тој 21-на година работеше на позиција машинобравар на одржување, а после неговото вклучување во штрајкот од 2008-та, како што истакнува, е „награден“ и распределен на нова работна позиција, ложач на парен котел во РЕ Енергана.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ниту таа, ниту колегите кои се решиле на ваков чекор – по судски пат да си ги остварат своите права – не се обратија до Трудовата инспекција, бидејќи немаа верба дека овој државен орган нешто би помогнал во конкретниот случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ѓорѓиевски во Шеќераната работеше со договор на неопределено време од 1987 до 2009 година, односно имаше безмалку 22 години стаж пред да настане работниот спор со неговиот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А работниците, пак, беа во доста лоша финансиска состојба, бидејќи, како што споменавме, веќе две години работеа за без пари!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)