Цела божја година ти поминала, небаре некој да те подзапрел на патон, да те прашал нешто и си заминал. Толку.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Да.“ „Пред единаесет години ти измисли една приказна за тројца мажи кои беа осудени на смрт за предавство.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Друг пример“, рече тој. „Пред неколку години ти имаше една навистина сериозна халуцинација.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
— Ах, Прилеп, Прилеп! Оросписки град. Пред дваесет и пет години ти собра потписи да се вратат Русите од Велес, сега со прст не мрдна да помогнеш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Десет години ти ја носевме тежината, месата и коските, се извиткавме, се подгрбавевме од таа тежина, десет години ти ги носевме радостите и тагите, лудиот и порочниот живот, ти го носевме доброто и лошото, личното и грдото, треперевме на студови и дождови, одевме на свадби и погреби, на промоции и слави, а сега, во туѓа земја, во туѓ град да си ја докрајчиме живејачката, фрлени грдо, безмилосно, жално, срамно и позорно...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Збогум мој Прилеп, да би оган те изгорел со сите твои Аџи Рамповци, Аџи Илиовци и сите христијански бегови и паши!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)