Тој доаѓал од Лерна, качен на коњ, исправен, истопорен, како што се држел секогаш, иако годините веќе не му биле за топорење.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мејл-артот од седумдесеттите години веќе го карактеризира развиена комуникациска мрежа меѓу уметниците ширум светот, се покренуваат специјализирани списанија за мејл- арт, а веќе и некои големи галерии почнуваат да организираат мејл-арт изложби. (Во бившата СФРЈ, на пример, 1972. во белградскиот Студентски културен центар одржана е изложба на поштенски пратки од Седмото Биенале на младите во Париз.) Во осумдесеттите години највоочливата промена и новиот квалитет на мејл-артот е неговата масовност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Па кој паметен кај нас не го помислил она што и Крлежа во не толку далечната четириесет и трета: “Веќе со години се прашувам зошто не сум отпатувал од овој мал град каде што сѐ ми е туѓо (...) Тука сум туѓинец како да сум допатувал од друга планета, и тука јалово се тормозам со години веќе”.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во однос на сите тие интенции капетанот Мекдоналд бил многу јасен кога, во извештајот истакнал дека Цветко Узуновски “многу буквално ја сфатил Атланската повелба“.357 При крајот на 1944 година веќе почнале да се наџираат конутирите на идните настани кои требало да ја определат судбината на балканските народи.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Татко ни ја откри, и тоа посредно, тајната на својата средба со Ататурк, но педесет години подоцна, кога неговото здравје попушташе и кога чувствуваше дека годините веќе му се избројани.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Денешниве геј-дечки не чувствуваат политички порив да си ја обзнанат сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сакале да се венчаваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
До 1960-тите години веќе бил во тек, иако неговото спроведување го одложи деценијата на политички конфликт во 1970-тите години.
Епидемијата на сида ја помогна конечната победа на урбанистичкиот развој кога ги отстрани или им го намали бројот на политичките играчи – биле тие поединци или заедници – кои беа против плановите на инвеститорите зонски да изменат, да реконфигурираат, да урнат и да преизградат цели маала.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во Сан Франциско, процесот на планирање започнал во 1950-тите години.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Огромниот прилив на капитал ги движеше големите проекти за урбанистичко преуредување, постепено отстранувајќи ги евтините, периферни урбани зони на меѓите од некогашните индустриски или мешовити делови каде што дотогаш цутеа геј-претпријатијата, геј-живеалиштата и секс-клубовите и заменувајќи ги со автопатишта, со висококатници, спортски комплекси, конференциски центри и магацински супермаркети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа разорување остави длабоки последици врз геј-заедниците, особено врз радикалните сексуални поткултури.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Е, па, можеби нешто слично слушате секоја година веќе триесет години за време на Геј-гордоста или секогаш кога некој инцидент ќе предизвика во стрејт-медиумите минлива љубопитност за состојбата на геј-живеењето во САД.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто во истиот тој период, рекапитализацијата на американските градови, заедно со нејзината нужна поткрепа преку урбанистичко планирање и реновирање, веќе почнуваше да го менува урбаниот крајолик на САД.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сте чуле нешто вакво досега?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сфати дека со години веќе медиумите лесно го манипулирале да размислува на еден или на друг начин, па дури и му налагале да се чувствува вака или онака.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А тој отсекогаш се згрозуваше од насилство и подеднакво му беа одбивни и шлаканиците, и клоците, и пушките.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Со години веќе се немаше сетено на тој настан, на шлаканицата по образот на девојчето, на запалениот братучед, на стравот што го почувствува тогаш кога сфати дека човекот со лузната него го сметаше за свој, сличен на себе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Со години веќе беше овде, на ова место, немо следејќи ги деновите, еден по друг, еден по друг, и годините, една по друга, една по друга...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
На тој начин, штом одбереш еден автор за свој љубимец, толку повеќе чест ќе имаш, особено ако тој е странски, напаѓај ги другите и зборувај само за него, припишувај му ги оние грешки, што тој ги нема, додавај му ги оние одлики, кои тој никогаш ниту ги имал: нема ништо попривлечно од глетката на двајца млади, како спорат за своите автори, кои не ги читале; мене честопати ми се случуваше да бидам сведок како епиграмите на Русо ги победуваа “Ноќите” на Јунг, а победата секогаш остануваше на страната на младиот човек чие грло е поздраво.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Малите деца сега мошне умесно учат да си ги имитираат родителите, и ако не им се попречува таа пријатна вежба, со текот на времето може да се очекува од тоа дете да израсне забавен за општеството млад човек; таквите деца обично имаат нестрашлив дух и на петнаесет години веќе се во состојба да си го претепаат таткото или да го протераат од дома.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Со години веќе, тој има дадено постојана понуда дека секој што ќе му испрати по електронска пошта фотографија или автобиографски параграф напишан на рака и рачно адресирана коверта, за возврат ќе добие интерпретативен цртеж на сопствената џива.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Дури и зелката се разболе од зеленчукова килавост, од тумори против кои селската рамнодушност со години веќе не се бореше.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Пред две години ми беше прерано да создадам свој дом, мислеше, по две години веќе е доцна.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На шест години - една година пред време, со специјално отстапување од правилата - тој станал член на Шпионите; на девет години веќе бил командир на одред.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Зимата 2008 година веќе влезе во ритам со болеста, живееше како да ја немаш, ама не беше така.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Во 2000 година веќе петгодишното дете ќе биде облечено во “сајберопрема”.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Со години веќе не пишуваше. Списанијата и книгите веќе не се продаваа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
- Тетка ти Олга минатата година веќе по втор пат е прогласувана за жена со најчиста куќа во градот како учесничка на големиот градски натпревар по чистота.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Со голи раце ги притискаше крпите во теписонот, а потоа ги цедеше во кофата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Влогот бил голем: добивање на Добруџа и Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
„В) Да ѝ се пристапи на Советската влада со идејата за постигнување заеднички договор за немешање во политиката на Балканот“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И во однос на ЕАМ се сметало дека во средината на 1944 година веќе не „би било можно…да ѝ се даде екслузивна поддршка на ЕАМ“, особено во моментот кога „грчкиот премиер се согласил да прими во Владата нејзини претставници и да ја вклучи ЕЛАС во Националната армија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Несомнено, Бугарија во почетокот на 1941 година веќе била длабоко навлезена во преговорите со нацистичка Германија за свое приклучување кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Надежта дека напредувањето на нацистичка Германија ќе биде сопрено на Балканот завршило со тотално фијаско и за САД и за Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Обидот да се формира балкански фронт од страна на Бугарија, Југославија, Грција и Турција во април 1941 година веќе бил осуден на неуспех.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
3 Во времето кога двајцата бегалци дојдоа меѓу бригадирците, во Струмичкото поле се биеше голема битка за исушување на злогласното Моноспитовско Блато, кое што со години веќе ги испиваше и луѓето и плодовите на земјата во овој богат крај.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Имајќи го овој динамит, гемиџиите уште во втората половина на 1902 година веќе можеле да ја дигнат Банката во воздух.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)