Имаше поинакви очи од сите деца кои ги бев видела; тоа беа очи кои плачеа навнатре, а солзите паѓаа некаде таму, длабоко во него, и не го носеа она ослободување кое доаѓа по плачењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Го сретнав кога тој имаше девет години, а јас две години повеќе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Умре на педесет и четири. Последните години повеќе разговараше и патуваше отколку што пишуваше.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Победникот ја минува целата, по него, само десеттинка од секундата подоцна – вториот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
„За утеха, останува само едно нешто. Останува за планетата Земја да водиме сметка така како што поединци умеат и можат да се погрижат за здравјето на своето тело и својата душа за да го поминат животот без болести, здрави и весели и со надеж дека најверојатно ќе поживеат некоја година повеќе, со добра сетнина.“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)