година (имн.) - потоа (прил.)

Таа ја паметеше годината на неговото раѓање по некои настани во селото, а за татко ни датумите беа врзани за средбите со Борис Кривошеев, нашиот дедо.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ги фрливме многу години потоа, кога ја расчиствуваме гаражата од старите непотребни работи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Исправен, горд и посветен на службата, облечен во сјајните високосвештенички облеки, со крстот и двете панагли на градите и црната пана-камилавка, го потсетуваше на оние денови кога ист таков, застануваше пред германските команданти им делеше лекции од највисока, сега му се чинеше дури небесна етика.  За митрополитот Хрисостом пак, градоначалникот Лука Карер беше олицетворение на моралот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во своите нови молитви, духовникот се заблагодаруваше за неповторениот божји дар, од името на сите спасени, завршувајќи ги молитвата со зборовите: „Твојот слуга Хрисостом од длабочината на душата Ти благодари што Го почести да го почувствува слаткиот вкус на победата на Доблеста над секоја овоземна припадност”.  Во свеченостите на островот, владиката и градоначалникот учествуваа години потоа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И, една година потоа, откако испразнив еден од рафтовите на библиотеката, забележав мала пукнатина од која ѕиркаа за мене дотогаш непознати книги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Многу години потоа, во преписка со синот на Фетхи-беј Окијар, се обидував да го дополнам тоа што не успеав да го сторам за еден час, кога сакав да ги забележам, на магнетофонска ленти, последните Таткови сведоштва.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Помилувањето од претседателот на републиката врз него делуваше, како што се знае, како завршен удар, бидејќи шест години потоа не пишуваше.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Исмет ја избриша потта од чело и по подолго молчење, го врза разговорот: - Тукуречи една година потоа, во утринските часови на 9 август 49 година ме разбуди дежурниот и со исплашен глас ми рапортира дека во наша насока летаат грчки воени авиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа го сакав во младоста и тој копнеж не ме напушти долги години потоа. - Се вмеша Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Може, уверен во својата праведност, хранел надеж дека ќе го смилостиви бога да го земе во заштита неговото семејство, може оти верувал дека ќе окае некој грев, во незнаење сторен, па тогашните жители на Потковицата две недели пред злосторот и цела година потоа, и по бел ден и среде ноќ, ги слушаа неговите лелеци, неговите клетви и молитви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нивниот ридски спокој, во пролет, кога се обрастени со ниска и сочна трева, од памтивек па сè до крајот на последната Голема војна, и некоја година потоа, (пред што луѓето беа натерани во колективи, и пред што, потоа, откако властите ги растурија колективите, емиграцијата ги изгони по градовите и низ светот), го нарушува мноштво стада.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За време на војната селото не постоело.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Минувајќи по тоа место, му се допаднало и решил да изгради куќа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Многу години потоа се раскажувало за победата над Турците и за смртта на седумте синови на дедо Васил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Другите будалштини дека животот е краток и верна копија на сонот ги препознавам во нејзиниот силен глас но отпосле, години потоа низ песокот на истеченото време и за да ја стиши мојата возбуда, пресметано и смерно, ептен нежно ќе рече: не би го гребнала ни со мисла твоето достоинство, сигурно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од нејзините очи изгрева мајчинска Деница, чеда мои, им вели на децата и трепери грижно и ја печали нивната почит секојпат застаната спроти мене, исправена спроти мене, мамо, велат децата, слушај жено, велам јас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И самиот Климент Камилски, откако излезе од Голи Оток, трошен и скршен, само една година потоа, во едно месечно списание, во текот на цела една година ќе објавува статии, прикази на книги поврзани со левата идеологија на Запад, за Октомвриската револуција, за напредните советски писатели.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Десет години потоа, поради своите просоветски идеи, ќе се најде во затворот на проколнатиот јадрански Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Долги години потоа сонував како играм, како скокам среде таа прав, во тој пекол.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Неколку години потоа добил леток во Times Roman и исфотокопиран толку пати што многу од буквите биле сосема оштетени.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сакав да пишувам за Арафат и палестинското движење кога заврши мојата дипломатска мисија, за малку години потоа да престане да постои и земјата СФР Југославија која ја застапував во Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше повеќе мигови кога сакав да го кажам својот дел на вистината за Арафат и Палестина, во чија епопеја бев фрагментарно замешан, но која силно ме означи во животот, во осознавањето на моќта и трагизмот на човековата судбина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Стрина ми долги години потоа го хранеше со лажица.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Приближно пет години потоа, во 1973, Винстон развиткуваше едно купче документи кои штотуку беа испаднале од пневматската цевка на неговата работна маса, кога наиде на парче хартија кое очигледно било ставено меѓу другите и потоа заборавено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Две години потоа, со носењето на новиот ЗРО (2005), беа дополнети одредени „празнини“ во доменот на антидискриминацијата кои ги имаше во претходниот Закон: а) воведена е дистинкција на директна и индиректна дискриминација (чл. 7, ЗРО/05), 15 а листата на егземпларно наброени случаи на дискриминација е проширена и за онаа дискриминација којашто се врши по основ на „полова насоченост“ (т.е. хомосексуалци или т.н. LGBT популација) – чл. 6, ЗРО/05.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Три години потоа, со првата измена на ЗРО (2005), од август 2008, кај овие „помали прекршоци“, чиишто број сега од шест се зголеми на седум, ако работодавачот е правно лице – ќе му се изрече глоба во износ од 1.000 ЕУР, а ако е физичко лице – глоба во износ од 800 ЕУР (чл. 27, ЗИДЗРО/авг.08). А, пак, директорот ќе биде казнет со 600 ЕУР.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Беше воведена и одредба која ги опфаќаше случаите на т.н. статусни промени кај работодавачот, имено дека сите права, обврски и одговорности од договорот за вработување и работен однос преминуваат на новиот работодавач, во случаите кога ќе настанат такви статусни измени – а тој, пак, е должен да ги обезбеди сите права, најмалку, за уште една година потоа (чл. 68, ЗРО/05); б) Најдрастичната промена во областа на престанокот на работниот однос по пат на отказ е воведувањето на можноста за отказ без отка- зен рок!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И малку години потоа, ја мина првата граница во животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ова патување, години потоа, продолжуваше во нашите соништа секогаш ново, секогаш различно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Истиот филм имаше и една од најголемите “tei-in” акции откако постојат пазарот и маркетингот - промовираниот производ беше морнаричкото воздухопловство!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Спилберг и друг пат го правел тоа; главните херои во ИТИ јадат точно одредени колачиња.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имено, овој род на американската војска сите објекти, бродови, авиони и статисти бесплатно им ги даде на филмаџиите, okno.mk | Margina #11-12 [1994] 105 но, од друга страна, филмот толку го изгради имиџот на пилотите што години потоа школите на воздухопловството беа буквално претрупани со кандидатури!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неколку години потоа гостував во десетина училишта низ Источна Србија и во разговор со учениците дознав дека една од нивните најчитани книги е “Русото перче“, односно “Прва љубов“ како што подоцна својата книга ја преименувал авторот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Потоа, природно, прикаската се оддалечува од Утрото, од Еда Бранов од Струмица, но вреди да се сослуша до крај овој унер од човек: „А јас три години потоа на правина бев останат без работа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)