Можеле само да ја исцедат од себе срцевината и да накотат во шупливоста ларви од кои тој самиот ќе се повторел во секакви облици и, со срце скриено од врани и душмани меѓу бозја, ќе го слушал златното брчење по ритчињата на татковската земја. „Таа е нема!“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во мислите, оваа ноќ, сеќавањата на миговите од неговиот живот му беа зачувани како живи, како вакуумирани во некој вонвременски простор или длабоко смрзнати од студенилото на зимата, а годините што ги минал во тој живот беа исчезнале без траг.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се грбавел, умри, Лозане, умри Македонијо, од небото се спуштала преголема скрапла со премногу отров во свиениот опаш дури и за пет такви вилаети на пет или на петпати повеќе момчоци од шеснаесет години што исто така се мрак во еден мрак, грумак бол по своја врсничка, момчоци - синови на бекташи под дервишка ќулавка или на оние со парче руба околу половината, како пци со заби да ги измолкнале од сметиште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)