Од друга страна, на насловната страна на делото “Mundus subter- raneus”, се прикажува светот како топка со која управува раката на господ и која се врти со помош на здивот од дванаесет луѓе, на кои им одговараат дванаесетте месеци во годината или пак, знаците на хороскопот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Како што се случува често, тие исчезнаа за една година или нешто повеќе, така што не се знаеше дали се живи или мртви, а потоа ненадејно беа вратени, за да се обвинат самите себе на вообичаениот начин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На кое заминување, на кое враќање од семејната историја се сеќаваат овие бранови: дали тоа беше Мајкиното заминување во Корча во 1940 година за време грчко-италијанските борби во Поградец, или татковото заминување во Цариград во 1919 година или неговото враќање во Албанија со кадиска диплома, или тоа ќе биде ова мое неизвесно враќање во 1979 година?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Уште цели четири месеци, т.е. две години или пет, може и повеќе.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Сврделот имаше уште година или две до пензија кога го сменија, отворено го потурнаа за да го донесат на неговиот стол тој еден Јован Граматниковски кој, кутриот, ни самиот не очекувал од службеник да стане големец во градов.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Татко му кутриот поплаќа една година или две и виде оти син му за ука учење не е и го врати назад на своето рало.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Па, кога ќе мериш за да го одбереш помалото од поголемото помеѓу пушач и пијач, на кантарот помалку тежи зависникот од никотин, а од понудените курвар и коцкар, подобар избор е љубовникот, кој сетики по некој пат ќе донесе некоја нова, научена умешност од понадвор дома, па ќе имаш и ти некој ќар, а не може до крајот на животот да биде тоа, за разлика од другиот, кој ќе испушта душа врз масата за рулет и на сто години или, во подобар случај, ти ќе му ги пополнуваш ливчињата за „спортска“ до крајот... дека помлада.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
а. Ако децата ти се постари од дванаес или помали од три години или пак немаш деца, еднаш годишно ќе бидеш удостоен со гифт–карта.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Но истата година или на почетокот на другата го подари некому или го продаде. Немаше со што да го храни.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Набрзо замина и тој. Каде и зошто никогаш не узнав.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кога бев малечок, секогаш мислев дека ќе умрам многу млад, на дваесет години или тука некаде.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
И во тој последен час на денот, во тој брз заод на замагленото сонце, игуменијата со малку потемни сенки во очите, непроменливо загатлива и стара каква што можела да биде пред десет години или каква што ќе можела да биде по десет години, кренала рака за удар или за благослов.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Клекнете. Онисифор Проказник ќе пее патем молитви и ќе внимава на постењето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не бев сигурен колку ќе можам да придонесам во отстранувањето на недоразбирањето помеѓу двајцата пријатели но сепак спомнав, само спомнав, но за да ме слушнат и двајцата, дека пред година или две речиси бев сигурен оти никогаш повеќе нема да дозволам да се вљубам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Такво нешто во нивниот дом се случуваше навистина по долго време, можеби по една година или две.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Исто така, правното лице што не извршило исплата на нето платите за февруари 1992 година или претходните месеци, нето платите на работниците може да ги исплати најмногу до висина на просечно исплатената нето плата по работник кај правното лице за месецот за кој е извршена последна исплата, зголемена со про- сечната стапка на пораст на платите во стопанството за месеците за кои не е извршена исплатата и зголемена за 30% (чл. 3).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имено, предвидено е тие да можат да бидат издадени како: а) лична работна дозвола, која се издава за определен временски период до една или до три години или на неопределено време; б) дозвола за вработување, која се издава за период до една година, ако поинаку не е утврдено со овој закон; и в) дозвола за работа, која се издава согласно со различни временски ограничувања, во зависност од целта заради која е издадена (чл. 8).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Можеби и должината на животот ни е генетски предодредена.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А што е најважно она што денес ни се случува предодредено е од нашите мисли и верувања од минатиото – од мислите и зборовите што сме ги имале пред неколку дена, пред неколку месеци или од пред неколку години или пред неколку векови.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Можеби ја тепаат за четиринаесет години или веќе е крст и бројка на гробиштата на Света Урсула.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се сеќавам дека застанав да ја погледнам реката што одѕвонуваше и биеше. (Ова јас го мислев).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
3. Издавање потерница може да се нареди кога постои наредба за приведување на лице кое се наоѓа во бегство, и тоа: 1) на осомничениот кој се бара поради основано сомневање дека сторил кривично дело кое се гони по службена должност и за кое според законот може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна; или 2) на обвинетиот против кого е поведена кривична постапка за кривично дело кое се гони по службена должност и за кое според законот може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна; или 3) на осуденото лице кое со правосилна пресуда е осудено на казна затвор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Правата стекнати врз основа на вложувања на странски лица во ТД не можат да се намалуваат со закон или со друг пропис.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Делот од добивката на ТД што му припаѓа на странско лице, односно износот во случај на делумно или целосно отуѓување на уделот или на акциите на странското лице може, по налог на странското лице, слободно, без дозвола, да се дозначи во странство во валутата на вложувањето ако друштвото располага со парично покритие, под условите определени со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
- Ова не ќе излезе на добро, му велам јас на Јона, ова мора да донесе некоја болест, му велам, или некоја чума или краста, му велам, сушна година или вошливо време, му велам, или пак некоја долга војна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)