На десетина, дваесетина дена, пробивајќи се по обични колски патишта, пресечувајќи неразгазени долинки и ритчиња, газејќи низ грмје и папрати, шумарот ќе се појавеше со својот џип да ја надгледа гората или да маркира дрво за огрев или граѓа.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
БОЖАНА: (Како смаена неволно ја поставува софрата за вечера. Бојазливо).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Беше уверен дека од ова послушно дете ќе излезе важен човек. Последен пат го виде својот учител пред девет години, кога се врати во Жешов да побара благослов од родителите за новата висока позиција што му беше понудена меѓу поголем број кандидати, да биде главен рабин на Солун, Вториот Ерусалим.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Рабинот му беше учител и кога ќе се наведнеше над него со зажарените очи и моќната сиво-бела рабинска брада што погледната оздола, личеше на градоносен облак, Цви Корец се чувствуваше мал и безначаен како да се отворила Книгата и тој да стои пред самиот реб Моше спуштен од Синајската гора или пред Јаков, таткото на Израилот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И што друго можел? Или со пушка во гора или со торба на печалба.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)