господ (имн.) - здравје (имн.)

— Е, е, е! господ здравје да ти даде, бег, и срце што ти сака, ако го направиш тоа добро! — и се испушти на Трајковица од грлото и само што не го прегрна „добротворот“ Адема да го избакне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бабо Крстовице, остани ми со здравје... - Господ здравје и ум, синко, да ти дади и носи поклони дома на сите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нека ни е добредошла новата ластовичка во нашето градинче, да ѝ даде господ здравје и живот и шо ѝ срце сака!“ — заврши Бино, очигледно трогнат, бришејќи си ги солзите со ракавот од шајачното палто.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Е, е. Не берете гајле, нели се замеша и Толе и тоа на онакво место!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека даде господ здравје и нека е добра мисла, пак не сме заборавени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Петре просто воскликна: — А бре, Толе наш е, со своите арамии, бре! Ех, господ здравје да му даде!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)