Што се случи, каде е детето скриено во ова писмо?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
- Господи мил и Богородице Мајчице, каква ми е таа милина во душава - со години чемерна?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Господи мил, и Богородице Мајчице - ги видов двете, милите... сега нека да ослепам... душава нека да ми заизлезе - задишано офна баба Петра.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Господе мили, кога се вратија, господе мили, кога се вратија, Богородице девице, бели и свежи, румени, убави.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Господе мили, па воздухот е толку усвитен што ти се чини дека ќе почне да паѓа како запалена пуза, како саѓи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Писмо напишано со камејна На М. Цепенко - Господи мил, та нели ука Ти немаше и нели писмо не знаеш Ти а велиш писмо ќе ви напишам?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)